(ФОТО + ВИДЕО) „Комбинирај и движи се“ – Ден без автомобили во Крива Паланка

Над триста велосипедисти на различна возраст, основци, средношколци, дечиња од предучилишна возраст, бројни граѓани на Крива Паланка беа дел од денешното велосипедско дефиле кое се одржа во Крива Паланка по повод Денот без автомобили.

DSC07681

Настанот го организираше општина Крива Паланка со подршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, во партнерство со Делегацијата на Европска унија во РМ и ЕУ- Инфо центар, Скопје.
На присутните им се обрати секретарот на општина Крива Паланка, Љубомир Младенов, кој порача убавата глетка со бројни велосипедисти да ја имаме често во градот.

DSC07660

-Посакувам оваа слика да ја гледаме често во градот, многу денови од годината, не само еден ден и враќање на старата пракса, веќе од утре, повторно загадување на воздухот и возење автомобили. Да вемеме пример од големите светски метрополи, каде дел од културата е возење велосипед , луѓето го користат во секојдневието и е нивно омилено превозно средство. Нека овој марш на велосипеди и пешаци биде глетка секој ден во нашито град, а да имаме чиста околина и животна средина. Тоа се придобивки за здравјето, растеретување од бучава и придобивки за секој поединец, рече Младенов.

DSC07653

Ученици од основните училишта твореа, цртаа графити на платото пред Хотел Турист, а сообраќајната полиција одржа едукативна активност.

Одбележувањето на Денот без автомобили е во рамки на Европската недела на мобилност која трае 16 – 22 септември, а општина Крива Паланка го одбележа под мотото „Комбинирај и движи се“.

DSC07642

Велосипедистите тргнаа од градскиот плоштад, низ главната улица св.Јоаким Осоговски до мотел „Македонија“ и повторно до плоштадот.
Најмлад учесник на дефилето беше шестгодишната Мила Тодоровска, а највозрасен, 73-годишниот Јованче Маџовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e