Синоќа во Крива Паланка, во кафе-бар „Селект“ се одржа прва од втората серија средби со граѓаните на Делегацијата на Европск аунија, насловена “ЕУ за тебе” кои се одржуваат под мотото “Градиме заедничка иднина”.
Главен говорник на трибината беше Евроамбасадорот Семуел Жбогар, модератор, водителот Огнен Јанески,ко-модератор Ирена Белешковска, а говореа и ко-панелистите Драган Величковски, директор на Локалната установа Градски музеј и Методи Цветковски, претседател на Регионален центар за соработка СПЕКТАР, двајцата со реализрани повеќе проекти со ЕУ предзнак, споделувајќи го искуството.

Жбогар потенцира дека средбите се исклучително корисни ЕУ да добие јасна визија за реалните проблеми во сите делови од државатa, што се испоставило дека би можеле со помош на ЕУ да бидат решени.

-Јас неодамна бев прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка,што за мене е чест но носи и одговорност,па токму поради тоа во консултација со градоначалникот тим од ЕУ одржа работилница на која деведесетминутен лица се запознаа со можностите кои ги нудат ЕУ програмите,а во следниот период ќе направиме и серија обуки за да можат сите заинтересирани,секој во својот домен да аплицираат и користи средства.Оваа општина нема проблеми со животната средина,во однос на загаденост на воздухот,но бев запознаен за потребите за управување со отпад и отпадни води.Во таа насока знам дека веќе е во имплементација регионален проект за управување со смет во СИПР со кој ќе се гради транспортен центар во Ранковце,но спорна е локацијата,а и планирана е набавка на нови возила за смет. И она што како и во останатите општини е проблем,а го посочија и вечерва, урбанистичките планови, ќе направиме позитивни резултати,ќе помогнеме како ЕУ за изготвување нови генерални и детални урбанистички планови за да може општините да се развиваат полесно, зашто плановите пак се основен предуслов за аплицирање при многу проекти за подобрување на условите за живот во градовите, рече Жбогар.

Според него ,во однос на реформите во државата и приближување кон Европската унија,рече, најважно е граѓаните да бидат задоволни.

-Општините и граѓанскиот сектор локално имплементираат бројни проекти во заедницата со помош на ЕУ фондови и се обраќаат до нас со идеи кои реално и нема толку средства за нивна реализација, додека Министерствата не ги искористуваат доделените финанси, така што ние мора да направиме децентрализација на финансисиите и да ги стимулираме општините,што сигурно во следниот период ќе биде направено, додаде Жбогар.
Градоначалникот , Борјанчо Мицевски, во дискусија истакна дека општината може да одговори со човечки ресурси, има потенцијал, добри кадри, искусни во искористување на ЕУ фондовите и може да реализра проекти и во иднина во соработка со сите чинители.

Беше отворено и прашањето на по-малите и средни фирми кои не се во можност со пониски буџетски капацитети да бидат дел до големите ЕУ проекти, што според Жбогар ЕУ го има предвид и ќе работи на наоѓање решенија и алтернативи.