(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Во Крива Паланка се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал за деца „Паланечка тројка“

Околу двесте играорци и играорки на возраст од шест до четиринаесет години беа дел од првиот меѓународен фолклорен фестивал за деца што се одржа синоќа во Крива Паланка.

Фестивалската програма започна со орото „тројка”, ја отворија домаќините, членовите на културно-уметничкото друштво „8 Октомври” кое работи под патронот на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, организатор на фестивалот.
„Културата, јазикот и верата се основни одбележја кои не одржале низ вековите. Горди сме на младите генерации кои ги негуваат и продолжуваат вековните традиции.“ – напиша на својот ФБ профил првиот човек на општината Борјанчо Мицевски кој и го отвори фестивалот.

Меѓународниот фолклорен фестивал за деца е поддржан од Министерството за економија како проект од областа на туризмот, со цел пошироката домашна и меѓународна јавност да се запознае до орото, мелосот од овој крај , што придонесува за развој на туризмот.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од атмосферата на фестивалот!

67912489_10156418082352196_2323662553646891008_n 67753746_10156418081772196_2303712885823504384_n 67561475_10156418169712196_8975952753482268672_n 67773950_10156418169967196_7961290442316709888_n 67443948_10156418082907196_3536077739079499776_n 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e