(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Успешно реализирана планинарската акција „По патот на една легенда од 11-ти век“

Секоја година претпоследниот викенд од месец мај ентузијасти, вљубеници во планината и културното наследство ја минуваат патеката на една легенда од 11-тиот век, насловена „4М“, патека која преставува магичен спој на монументалните споменици на културата – манастирите Св. „Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, Св. „Прохор Пчински“ и  Св. „Гаврил Лесновски“ и Св. „Јован Рилски“.

61052813_2188043201250712_3921965363620741120_n

Годинава акцијата траеше три дена, а поминати се преку 400 km возење 55 трекинг, посета на значајни културни атракции, историски знаменитости, природни реткости, музејски постановки…

60966287_2187856061269426_8197840224319963136_n

Авторот на овој проект и главен организатор на акцијата Стојанче Величковски упати голема благодарнос до сите учесници ширум земјава во годинешната тура.

„ Особена благодарност до ДПС “Лицец“ од Штип за долгогодишната подршка што резултира реализација на овој несекојдневен подвиг и планинарски предизвик полн со пријатни изненадувања и планинарски доживувања. Благодарност за поддршката од општина Пробиштип и Кратово како и до управниот одбор на Конакаот при цркавата св. Петка – с. Каврак (Кратовско). Најголема благодарност до бурата “Андреа“ што кон нас беше милостива и не остави на раат да ги реализираме сите планирани активности…“ – истакна Величковски.

61034577_2187815317940167_2892752338911494144_n

Досега низ патот на легендата од 11 век минале околу 500 учесници, дел од нив традиционално повеќе пати , дел од нив по еднаш.

60665456_2187776721277360_88727371431018496_n 60958292_2187759091279123_5368019558705659904_n 60591402_2187739977947701_1499708408310267904_n 60591397_2187768497944849_8040920235496177664_n

Фото: Стојанче Величковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e