Денеска на спортското игралиште “Партизан”во Крива Паланка се одржа најголемиот спортски настан во градот за ова лето – Меморијален турнир во кошарка во чест на истакнатиот културен работник и голем вљубеник во спортот и кошарката, Александар Наковски-Феликс. Турнирот е во организација на Локалниот клуб на Социјалдемократска младина на Македонија од Крива Паланка и традиционално се оддржува по 11ти пат, а шест години го носи името на Александар. Еве ги победниците од годинешниот турнир:
Конкуренција мажи:
1место-Биоплант Скопје
2место-Тим 2
3место-Ѕвезда
Конкуренција жени:
1место-Легенди
2место-Стрелци
3место-Лавици
Дека овој турнир предизвикува интерес кај кошаркарите покажува и фактот што минатата година за прв пат се напреваруваа и женски екипи, при што секој учесник на свој начин укажа чест на големиот Феликс, кој придонесе многу за развој на културата и спортот во градот.
Организаторите на овој спортскиот настан кој ги сплотува сите упатиja голема благодарност до сите екипи за учеството, бројната публика и поддржувачите: Селект кафе, Воденица-3, Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, ДЈ Буѓо, судиите Ласте и Мартин и водителката Ирена.
Преку спорт, дружење и музика достојно го одбележавме ликот и делото на нашиот другар Феликс. – порачаа од ЛК на СДММ. Во продолжение погледнете дел од атмосферата на турнирот преку фотографии!