Во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка денеска 29-ти август се празнува споменот на патронот на манастирот и закрилник на градот под Осоговието – светецот Јоаким.
Чествувањето во храмовите отпочна завчера, со празнична вечерна богослужба во манастрискиот комплекс и во градската црква, а вчера изутрина се одржа утрена богослужба со света архиерејска литуρгија.
Утрово во манастирот по утрената богослужба и светата архиерејска литургија верниците ги кревааа славските колачи и се правеше водосвет.
Програмата што општината ја нуди деновиве, но и до крајот на месецот е причина плус да се посети градчето под Осоговието, но и да се ужива во прекрасниот амбиент, природа и пејзажи, во духовниот мир и убавината на манастирскиот комплекс, во овие топли денови, кога свежината на планината дава посебна пријатност на денот, и свежина на ноќта.
Граѓаните и гостите во градот вечерва ќе може да уживаат во концертот на Петар Грашо и неговиот бенд.
“Ако те питају”, “Ко нам брани”, “Уторак”, “Сад те се само рјетко сјетим”, “Једина”, “Вера од сувог злата”… се само дел од хитовите на Грашо со кои ке ужива кривопаланечката публика.
Историјата на манастирот започнува со доаѓањето на свети Јоаким Осоговски на овие простори. Животот го минал во пост и молитва, а се упокоил во 1105-та година. Педесет години по неговата смрт, еден свештеник по име Теофан, воден од светиот дух дошол од Овче Поле за да ги извади моштите и ги наоѓа моштите. Тој е и градител на малата црква сега посветена на Рождество на Пресвета Богородица. Подоцна, откако се појавила потреба за изградба на поголема манастирска црква, Хаџи-Стефан Белички, богат трговец од Крива Паланка, дошол и започнал со изградба на големата манастирска црква посветена на свети Јоаким. Манастирот е граден во периодот од 1847 до 1851 година. Моштите на светецот се сохранети тука, во саркофаг, каде и ден денес се наоѓаат.