(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Еве како кривопаланчани се забавуваа на Јелена Томашевиќ

Пред преполниот плоштад во центарот на Крива Паланка, во понеделник одржа концерт познатата српска поп-пејачка, Јелена Томашевиќ.

6

На концертот кој започна со настапот на „Тајфата“ и Димитар Андоновски, присуствуваа неколку илјади посетители, публика од различни генерации од разни делови на Македонија.

40430508_1823301597724876_5180631222207905792_n

Настанот е во организација на локалната самоуправа на општина Крива Палнака и културните институции од градот, во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2018“, под покровителство на „Булмак“.

Томашевиќ како главна ѕвезда на вечерта ја крена на нозе публиката со познатите хитови:„Оро“, „Океани“, „Да ми је , да ми се врати“, „Име моје“, „Не дам на тебе“, „Кошава“ и многу други, а публиката во еден глас ги пееше со неа.

40355743_1823305177724518_764206962656149504_n

Пред настапот Томашевиќ оствари средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

40253120_617494751979617_4906742244368711680_n

-Навистина ми е драго што сум гостинка на вашиот фестивал кој низ годините го негувате и традиционално се одржува во времето на празнувања во општината. Срдечно сум пречекана, секогаш на драго срце доаѓам во Македонија, а особено ми е мило што сум во Крива Паланка, се радувам што посетувам место каде сум за прв пат и презадоволна сум од сите, а публиката беше одлична, изјави Томашевиќ.

Погледнете дел од атмосферата на концертот низ фотографиите на фотографот Стојанче Величковски:

1 2 4 40330506_1823306917724344_5639834818960162816_n 40297136_1823307987724237_9005561128444493824_n 40380081_1823307374390965_5031144232635596800_n 66

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e