Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ Венко Филипче вечерва е меѓу граѓаните на Крива Паланка во рамки на маалските средби кои ги организира СДСМ како дел од караванот „Најдоброто за нашата општина“.
Филипче, меѓу останатите, се сретна со семејството Јовановски, Жарко и неговата сопруга Бисерка, кои се доктори во пензија, тој анестезиолог, а таа стоматолог.
„Прекрасни луѓе кои цел живот биле посветени на здравјето на нивните сограѓани во Крива Паланка. Жарко во екот на пандемијата, иако во пензија, се понудил да волонтира и помага. Еднаш лекар, секогаш лекар вели тој.
Пандемијата не научи колку се важни здравствените работници и затоа силно вложуваме во нив. Платите постојано растат, специјализантите ќе бидат платени за време на специјализација, а обезбедивме бонуси за сите колеги кои беа во првата линија во битката со пандемијата. “ – порача Филипче по средбата со овие кривопаланчани.