По повод шестото издание на “Еуроп-Раид”, авантуристичко патување низ Европа денеска во Крива Паланка пристигнаа околу 800 французи.Тие преку Грција со своите автомобили “Пежо 205”, кои патуваат низ дваесет држави за 23 дена ќе преноќат во Крива Паланка и утре продолжуваат во Бугaрија.
Во градот пристигна и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние,заедно со француска делегацја кој во рамки на споменатата активност оствари средба со градоначалникот на општината,Борјанчо Мицевски.Имено, г-дин Тимоние не ја посетува општината за првпат, тој досега имаше средба со Мицевски за време на одржувањето на франкофонската вечер во организација на основните училишта по која е познат градот, но и како повод за заемна соработка со општината, односно инвестиција на Амбасадата за разубавување и средување на спортскиот терен,градскиот стадион во градот.
На денешната средба со градоначалникот Мицевски, Тимоние гордо истакна дека е среќен што по вторпат е гостин на градоначалникот и градот, воедно искажувајќи ја својата благодарност и поздравуваќи ги младите французи кои патуваа илјадници километри да стасаат до тука.Срдечно им честита на младите ученици кои го изучуваат францускиот јазик,зборувајќи го како нив мајчин јазик и ги поттикна да продолжат така.
Веднаш по свечениот прием на францускиот амбасадор од страна на градоначалникот Мицевски, тие се упатија во дворот на ООУ “Јоаким Крчовски” каде се одржа франкофонски музички хепенинг подготвен под менторство на професорката Елена Николовска.. Да напоменеме дека Крива Паланка е место познато по своите активности во областа на Франкофонијата.
-Особена чест ми е што сум денес овде, што присуствувам на чинот на донрање на училишен материјалкој поминал илјадници километри за да стаса до учениците во ООУ” Јоаким Крчовски” и воедно сакам да посакам успешна школска година на учениците , рече Тимоние.
Бенџамин Ладон, претседател и организатор на “Еуропе-раид” упати благодарност до градоначалникот и присутните за приемот и гостопримството во градот каде ќе престојуваат вечерва.Имено Ладон нагласи дека покрај француски државјани има екипажи од Шпанија,Белгија, Полска и Шкотска.Овде пристигнавме со вкупно 250 екипажи ,од кои на доделувањето на материјалот ќе присуствуваат 40 со претставници од сите други држави учесници.Со ова сметам покажуваме дека нашето патување гради голема Европска култура која патувајќи дојде и кај вас,рече Ладон.
На настанот присуствуваше и конзулот на Франција во Република Северна Македонија , Ерик Панже.
Денес свое обраќање пред гостите имаше и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски:
-Со вашето присуство и мисија на оваа композиција млади луѓе кои носат мир и доброчинство ,не само оваа година, туку и изминатите шест години не задолжувате нас како генерации-рече Мицевски
Тој ги покани присутните да го посетат манастирот Св. Јоаким Осоговски-неодоливата туристичка понуда на градот и да уживаат во традиционалната кујна, култура, знаменитости, со надеж дека еден ден повторно ќе го посетат градот.
Гостите од Франција вечерва, исто така, ќе имаат можност да присуствуваат на градскиот стадион и да уживаат во богатата културно уменичката програма.Да истакнеме декат ие во рамки на “Еуроп-Раид” 2019 од Париз тргнаа на 27 јули. Станува збор за 206 екипажи со возила “пежо 205” во духот на меѓународната солидарност носејќи со себе 17 тони училишна опрема која се донира низ училиштата од Босна и Херцеговина до Бугарија,преку Албанија и Северна Македонија. За 23 дена екипажот поминал 10.000 киломери. Тие денес во училиштето Јоаким Крчовски оставија спортска опрема, училишни торби, тетратки, моливи, топки, играчки и сл, се со цел да им се помогне на децата кои немаат пристап до училиштата, или, пак, живеат во неповолни услови.
Автор Р.А