Екстремно загадување во Куманово, граѓаните бараат од властите засилени контроли и санкции против загадувачите

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, 2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 се препорачува: да се користи јавен превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e