И економскиот директор на тетовската болница си поднесе оставка

Откако директорот на Клиничката болница-Тетово, Флорин Бесими си поднесе оставка, набрзо на својот Фејзбук профил и економскиот директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми соопшти дека поднесува оставка од функцијата економски директор на тетовската болница.

„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите“, напиша Етеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e