Во недела на 19 Мај, со наши сили и испомош на екипа од 15 луѓе на параѓубреџиите од „Не биди ѓубре“ на Ирена Ристиќ ќе се бориме за спас на боровата шума кон с.Градец и на уредување на нас. Илинден и Житни магацин. – информира градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Кривопаланчани, ако имате срце, останете дома. – порача тој на својот ФБ профил.
Зборно место: Бензинска пумпа на Макпетрол на заобиколница во 9.30 часот.
Акцијата е во рамки на „Општина без смет за поубав свет“ која веќе подолг временски период се реализира на повеќе локации во градот и околината.
Како дел од мерките и активностите за справување со отпадот, Општина Крива Паланка покрај организирање на акциите за собирање на отпад, воведува и бесплатен телефонски број за пријавување на недозволено фрлање и оставање на отпад, како и двосменско работење на комуналната редарска служба. Утврдено е дека на некои од исчистените локации повторно почна недозволено да се остава отпад.
Основна цел за наведеното ќе биде справување со несовесните граѓани кои недозволено постапуваат со отпадот, истиот го оставаат надвор од определените места и садови односно во природата: покрај патиштата, во доловите, покрај реките, во шумите, на уредени и неуредени зелени и други површини.
Бесплатен телефонски број за пријавување на недозволено фрлање, одлагање и оставање на отпад е: 078 30 30 60
Повиците кон овој број се бесплатни за повикувачите. Овој телефонски број ќе функционира секој работен ден од 07 часот до 22 часот.