Екипи на општина Кр.Паланка ги санираат штетите во поплавените подрачја

По обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на Крива Паланка и околните населени места на почетокот на декември, беа предизвикани поголеми оштетувања на локалната инфраструктура. Како најпогодени подрачја беа населените места Жидилово, Узем, Костур, Станци и Дурачка Река.

Екипите на Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во соработка со ЈП Комуналец и ТППЕ Крива Паланка,  покрај дваесетичетири часовното дежурство и будно следење на состојбата, правовремено реагираа и превентивно ги превзедоа сите неопходни мерки за заштита на имотот и лицата во загрозените подрачја.

Во изминатите неколку дена, со мобилизирање на градежната механизација, интензивно се работи на санирање на локалните патни правци кои водат од с.Узем кон с.Костур, но и на санирање на штетите во останатите подрачја на општината.

13

12

11

10

9

8

7

6

5

4

3

2

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e