Едукативни работилници на здружението “Пчела”, финансирани од буџетот на Крива Паланка

Здружението “Пчела” од Крива Паланка неодамна започна да одржува едукативни работилници на различни теми поврзани со пчеларството. На последната едукативна работилница на тема: “Пролетен развој на пчелни семејства” свој говор имаше Бранко Атанасовски-Претседател на здружението.Овие работилници ќе продолжат да се реализираат во рамки на проектот Активности за промоција на пчеларскиот сектор, финансирани од буџетот на општина Крива Паланка.Имено, здружението има одобрено сретства од општина Крива Паланка во вредност од 38000 денари за целокупниот проект.

Воедно, главната цел на проектот е едукацијата на пчеларите  за посоремено пчеларење.

Проектот на ЗП” Пчела” е дел од поддршката на проекти на здруженија на граѓани за 2019 година. Освен оваа едукација од која ,старите пчелари и оние кои планираат да го проучат пеларството може да научат доста интересни работи за пролетниот развој на пчелните семејства.

Во иднина останува да се одржат уште четири вакви едукативни работилници на различни теми поврзани со одгледувањето на пчели, квалитетното производство на мед и сл.

Пред почетокот на оваа работилница свој говор имаа претставници од Агенцијата за земјоделие и рурален развој-Крива Паланка кои во своето излагање попрецизно ги запознаа пчеларите со условите за користење на IPARD фондовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e