Едно лице загина и едно е повредено во сообраќајка на патот Радовиш-Струмица

Со шест пожарникари и едно противпожарно возило било утрово интервенирано од страна на струмичката противпожарна служба кај Село Радичево, на патот Радовиш – Струмица, во извлекување на две лица кои беа во возилата што се судриле во текот на ноќта.

Во сообраќајна несреќа помеѓу камион даф и возило марка шаран загина едно лице, друго е повредено.

– Беа употребени хидраулични алатки за вадење на истите од возилото, информираат од ТППЕ Струмица.

Сообраќајката се случила во 4 часот и 20 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e