Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка е во прекин поради тешка сообраќајка што се случи кај селото Облавце.
Дел од медиумите објавуваат дека најверојатно до сообраќајката дошло во момент кога автомобил кој претекнувал се забил во камион-цистерна, кој потоа се запалил.
А1он пренесе дека во сообраќајката едно лице го загубило животот, а 5-мина се повредени кои се пренесени во болница.
На местото на настанот се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба, а полицијата врши увид.