Едно лице уапсено на Деве Баир

На 05.07.2021 во 09.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода Г.А.(57) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприкола „тирсан“, со турска национална ознака, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Тој при контролата употребил фалсификувана зеленa картa.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка и против него е поднесенa кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e