На 24.01.2020 во 17,50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во Р.С. Македонија бил приведен Г.С.(47) од Р.Турција кој управувал товарно моторно возило “рено“ и полуприколка со турски национални ознаки поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ (зелен картон). Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.