Завчера, во 15.40 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на отворените сепарации – каменоломи, се случила сообраќајна несреќа.
Во неа учествувале две патнички моторни возила: „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот тетовец Б .Б, и „фолксваген пасат“, со гостиварски ознаки, што го управувал 34-годишниот гостиварец Е. Х. од гостиварско Дебреше.
Во несреќата возачот на возилото „голф“, Б.Б., добил тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „пасат“, С. С. (33) од Гостивар, телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.