Едно лице загина во сообраќајна несреќа што претпладнево се случи на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во судир помеѓу камион и трактор.
Според податоците од СВР Битола, во несреќата загинал совозачот во тракторот. Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, кај селото Лисолај, се уште се одвива по една коловозна лента.