Еден загинат во судир на камион и автомобил кај Прилеп

Едно лице загина во судир на камион и автомобил, денеска кај Прилеп, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11.40 часот на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп. Тогаш се судриле камион „ман” управуван од П.С. (33) од Битола и патничко возило „форд галакси” со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(71) од Македонски Брод.

На местото на несреќата починал С.Р.. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e