Две жени повредени во судир на две возила

На 07.08.2019 во 13,00 часот било пријавено дека на улицата Ферид Мурати се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со куманоски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(44) од Никуштак и возило „мерцедес КУЈ 518“ со германски национални ознаки, управувано од В.А.(31) од с.Студеничани-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “Фолксваген Голф“ М.Б.(44) од Никуштак и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобила друга сопатничка од истото возило Н.Б.(18) од с.Никуштак-кумановско по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e