Две патнички тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 16.15 часот на улица „Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(36) од Скопје и патничко возило „Шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.П.(54) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобила З.Ч.П., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило К.Ч.(77) и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e