Две момчиња уапсени за поседување марихуана

Две лица на возраст од 19 и 22 години се приведени на скопски Бит Пазар откако полицијата кај нив пронашла марихуана.

„Вчера во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Денес во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e