На Граничен премин „Деве Баир“ синоќа во 23.00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Г.(34) и С.А.(57), двајцата од Р.Турција, кои управувале товарни возила „волво“ и „мерцедес“, со турски национални ознаки, поради постоење основано сомнение дека поседувале фалсификувани зелени карти. Лицата се предадени и задржани во Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.