Две лица повредени во сообраќајка во Куманово

Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(83) од Куманово и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(37) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С., а со телесни повреди се здобил М.Ѓ., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e