По едночасовниот целосен прекин, во моментов сообраќајот на регионалниот пат Велес – Чашка се одвива наизменично во двата правци. Причина е сообраќјна незгода помеѓу автомобил и моторцикл.
„Во директен судир на патничко возило и мотрорцикл, на регионалниот пат Велес – Чашка, денеска околу 11. 30 часот повредени се возачот и совозачот на мотоциклот. Повредените се пренесени во ЈЗО Општа болница Велес и сообраќајот на патот првично беше во целосен прекин“, изјави за Канал 77 полицискиот инспектор на СВР Кавадарци, Димитар Каракулев.
„По приемот на двајцата мажи на хирушкото одделение во ЈЗО Општа болница Велес пациентите се прегледани и направени се сите потребни анализи. Возачот на моторциклот е снимен и на апаратот компјутерска томографија. Сега се чека резултатот од снимањето. Тие се надвор од животна опасност но сепак ќе бидат задржани на болничко лекување во наредните 24 часа“, рече портпаролот на болницата д-р Тодор Јаковлевски.
Резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините за незгодата.