Две лица и малолетничка тешко повредени во сообраќајка, возачот избегал

На 22.04.2023 во 20.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e