Две млади кривопаланчанки, овој предпразничен период поделија над 400-ни новогодишни пакетчиња за дечиња од социјално ранливи категории од Крива Паланка и околината, со помош на хуманите сограѓани кои се одзваа на апелот за донација.
Хуманитарната акција под мотото „Донирај пакетче и подари насмевка!“ која започна на почетокот на месец декември, заврши повеќе од успешно.
Собрани и поделени се 432 пакетчиња, што значи и исто толку, но и многу повеќе насмевки на детските лица, но и на лицата на родителите.
И овој пат, кривопаланчани на дело покажаа дека големината е во споделувањето, а двете девојки, не штедејќи сѐ, безусловно ја изменаџираа акцијата до најситен детаљ, за ни едни детски рачиња да не останат празни пред новогодишните празници.
Убаво спакуваните пакетчиња двете девојки ги доставуваа до вратата на домовите на овие смејства.
– Се радувавме на секое донирано пакетче, а уште повеќе на сите насмевки, радости и прегратки кои што ги добивме. Сакаме да се заблагодариме на сите што несебично помогнаа и се вклучија во акцијата, порачаа организаторките кои велат дека кога станува збор за хуманоста треба да се остави простор делата да говорат многу погласно од зборовите.
Сограѓаните ја подравија акцијата и заложбите на младите кривопаланчанки за едно поубаво и посреќно, праведно општество.
-Радоста е поголема кај оној кој помага и дава, а тоа го потврдија сите наши херои кои нѐ поддржаа и донираа. На многу семејства им е потребна помош и понатаму, затоа ние тука нема да застанеме. Да бидеме хумани, велат организаторките наедно упатувајќи честитка за Среќни Божиќни и Новогодишни празници!
Во акцијата беа опфатени дечиња ОУ „Илинден“, ОУ „Јоаким Крчовски“, Интернат „Боро Менков“, Центар за деца со посебни потреби, селата Мождивњак, Конопница, Добровница, Нерав, Луке, Подржикоњ, Жидилово, Дурачка Река, Огутс, Узем и повеќе семејства од социјални категории.