Две деца на возраст од три и година и пол ги загубиле животите во пожарот во куќа во скопската населба Шуто Оризари.
Попладнево во пожар во куќа во Шуто Оризари загинаа две мали деца. Во куќата имало уште две дечиња , но тие успеале да се спасат . Со помош на соседите биле извлечени .
Во пожарот , што избувнал на улица,,Брсјачка буна” целосно изгорела куќата со чедеца, а биле зафатени и уште три соседни , кои исто така набргу изгореле.Нема информации дали и во нив има настрадани жители.
Куќите биле изгаснати од противпожарната екипа на град Скопје. На местото на трагедијата дошол и премиерот Оливер Спасовски .