Двајца скопјани на возраст од 44 години пронајдени мртви во своите домови

Двајца скопјани од Автокоманда и Маџари биле пронајдени починати, вчера во своите домови,информираше МВР.

-На 12.03.2021 во 12.50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа”. Се работи за С.А.(44) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Од МВР информираат и дека вчера во 20 часот Итна медицинска помош пријавила дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.”Маџари”.

Се работи за И.Ј.(43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e