Во текот на вчерашнито ден полициски службеници на СВР Скопје го привеле Б.Б.(20) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, екстази, прашкаста материја и непозната грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така вчера во 20.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Втора македонска бригада“, го лишиле од слобода Е.З.(38) од Скопје. затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.