Двајца пожарникари биле повредени при гасење на пожар во фабрика за мебел во гостиварско.
Според пријавеното вчера околу 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во фабрика за мебел во гостиварска Долна Бањица.
Со интервенција на противпожарните служби на 03.09.2019 околу 06.30 часот пожарот бил изгаснат.
Притоа, двајца пожарникари се здобиле со повреди и им била укажана помош во болницата во Гостивар.
Извршен е увид од страна на полицијата.