Двајца градежници тешко повредени откако паднале од скеле

Двајца градежници биле тешко повредени откако вчера претпладне паднале од висина од објект во изградба во Скопје.

Станува збор за Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје кои биле вработени во фирма во Скопје.

По несреќата двајцата биле однесени во клиниката „Мајка Тереза“.

Според лекарите, кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а А.В. бил полесно повреден.

За несреќата бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e