Дудуш: Градот Скопје носи одлуки кои имаат примеси на дискриминација врз Ромите од Шуто Оризари

Кога инвестиции во Шуто Оризари?
– Немаме пари.

Владеачкото мнозинство во советот на градот Скопје носи одлуки кои имаат примеси на дискриминација врз Ромите од Шуто Оризари вели градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Секојдневно гледаме промоција на нови проекти во другите скопски општини, изградба/реконструкција на 20тина и повеќе улици наеднаш, мега паркови со повеќе од 30.000м2 во општини кои веќе имаат неколку постоечки.

Кога доаѓа на дневен ред точката инвестиција на градот во општина Шуто Оризари, се обидуваат како и секогаш да не стават пред свршен чин – земи “трошки” или остави.

Граѓаните на Шуто Оризари масовно гласаа за промени со надеж дека нема да доживеат “дежаву” – секоја претходна власт на градот Скопје 30 години да не третира како последен приоритет на листата.

Шуто Оризари се развива и менува, Шуто Оризари не е повеќе само Индира Ганди, Шуто Оризари заслужува инвестиции од Градот.

Како Совет на град Скопје, не заборавајте дека имате одговорност и пред граѓаните на општина Шуто Оризари!, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e