На 04.05.2019 година во 12.10 часот во реонот на с.Лојане, општина Липково, во близина на „Миратовачки пат“, при вршење на патрола, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го забележале и спречиле лицето К.Д.(55) од Народна Република Кина илегално да ја помине државната граница од Р.Србија кон Р.С.Македонија.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.