Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори скопскиот бар „Интермецо“ поради непочитувања на протоколите и рестриктивните мерки.
Во скопското кафуле се правела забава со познат ди-џеј на која присуствувале повеќе лица од дозволеното според протоколите кои се препорачани од Владата. Објектот, согласно важечките прописи, добива забрана за вршење на угостителска дејност во наредните 10 – 30 дена како и парична казна.
Ова не е првпат кафулето „Интермецо“ да биде затворено. Лани во октомври, доби забрана за работа од 30 дена поради пуштање гласна музика, но сопствениците си ја тргнаа пломбата. Потоа од Општина Центар поднесоа кривична пријава, а Обвинителството предложи казна од 5 000 евра за тргање на пломбата.