Дошол од Словенија да си ја види болната мајка, 28. годишен охриѓанец почина од коронавирус

На Инфективната клиника во Скопје 28-годишен охриѓанец ја загуби битката со коронавирусот.

Лазар Секуловски последните денови бил на респиратор, а префрлен е во Скопје откако му се влошила состојбата додека бил хоспитализиран во Охрид.

Момчето било дијабетичар и имало и проблеми со тироидната жлезда, јавуваат локалните медиуми.

Лазар живеел и работел во Љубљана, Словенија, но дошол во Охрид да ја посети мајката која боледувала од карцином на белите дробови и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид и таму се заразил од ковид.

Тој е најмладиот меѓу 35-те починати од ковид во последните 24 часа во Македонија.

Во моментот на социјалните мрежи се шири апел за помош на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e