Со донација од Норвешка од 93. 000 долари ќе се подобруваат условите во кривопаланечката детска градинка

„Создавање на услови за здрави идни генерации“, е насловот на проектот за кој денеска во општинската зграда, градоначалникот Борјанчо Мицевски го потпиша договорот за грант средства кои ќе се наменат за комплетно реновирање на вториот кат од детската градинка „Детелинка“.

69181086_2660275087337630_7788497744720560128_n

Како што беше речено на средбата, потребните финансиски средства во висина од околу 93. 000 долари се обезбедени од проектот „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија“ преку Канцеларијата на Обедините нации за проектни услуги (УНОПС).

68613893_1280812105424756_8013758793596796928_n

Истите ќе бидат наменети за комплетно реновирање на вториот кат од градинката ,ќе се замени столаријата,потоа ќе следи реновирање на тоалетите а дел од средставата ќе се искористат и за поставување на енергетска термо фасада. Со ова се очекува да се заокружи комплетното санирање на зградата на детската градинка ,,Детелинка“, каде беше извршено проширување на нејзините капацитети, подобрување на условите за сместување, згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e