Донации од хумани граѓани и компании за Дневниот центар во Крива Паланка

Дневниот центар за лица со нетипичен развој во Крива Паланка добива нов лик со помош на хуманите луѓе и компании. Штитениците ќе престојуваат во Центар со разубавен лик со помош на компанијата ЕВН која волонтира со работни активности за интервенција на надворешната фасада на објектот, монтирање на лулашки во дворот и монтирање на сијалици.

„Голема благодарност до сите кои се вклучија во создавањето на поквалитетни услови за престој на овие наши сограѓани. Задоволството е големо бидејќи не само што им го олеснуваме и разубавуваме секојдневието на штитениците туку и активно ги инволвираме во нашето општество.“ – порача Гоце Цветковски, директор на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи – Крива Паланка.

71217675_2413512032269809_5971762952590589952_n

Дневниот центар доби и донација од инвалидски колички и училишен материјал кој се состои од прибор и книги. Донацијата се реализираше преку Europ’Raid здружението на млади авантуристи кои патуваат низ светот со автомобили Пежо 205 кое изминатиот месец на ООУ „Јоаким Крчовски“ донираше три тони училишна и спортска опрема. Дел од оваа опрема, со несебичната одлука на проф. Елена Николовска која е промотор и амбасадор на францускиот јазик заедно со директорот на училиштето, беше пренаменета за кривопаланечкиот Дневен центар.

71536323_2556258654443573_6870481431894687744_n

Младата активистка Ана Величковска преку Американскиот совет организираше хуманитарна забава, а од собраните средства од истата беа набавени нов шпорет, машина за садови и лаптоп за Дневниот центар за лица со нетипичен развој.

„Преку програмата „Yes“ имавме поминато обуки и проекти со цел да се пренесат вештиние и знаењата тука во наша земја. По големите успеси таму се решив да направам проект тука за да го бенефитувам нашето општество. Се организраше хуманитарна забава каде влезниците беа 100 денари. Просторот и ДЏ-јот ни беа донирани и секако имав помош од American Council кои ни ја дадоа можноста да напреднеме и секако World Link и американските организации. На забавата присуствуваше и директорот на Центарот за социјална работа како и голем број социјални работници. Од собраните средства беа донирани нов шпорет, машина за садови и лаптоп во вредност од 30 000 денари.“ – вели Величковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e