При обид да запрат возило во текот на вчерашниот ден, автомобилот наместо да застане продолжило да се движи и удрил во службеното возили на полицајците, по што тие излегле од возилото и испукале неколку пати во воздухот.
Според пријавеното утринава во 01.10 часот во атар на село Бањани, скопскo полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото. Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење.
Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „Сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.