Директор на јавно претпријатие во Кавадарци бил физички нападнат од работник

Вработен во јавно претпријатие во Кавадарци е осомничен дека го нападнал директорот.

Од СВР Велес информираа дека мажот е приведен, а станува збор за 61-годишен работник.

„Тој се сомничи дека во текот на денот на работното место физички го нападнал Ј. Н. (62), директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e