Карамбол на патот Штип-Скопје. Вчера рано утрово осум возила се судрија едно по друго.
Повредени се вкупно девет лица. Со возила на Итната медицинска помош се пренесени ви штипската болница. Двајца се посериозно повредени, останатите поминале со полесни повреди.
Искршени шофершајни, парчосани браници и делови расфрлани по автопатот – ваква слика ги пречека екипите на терен.
Неофицијално, според првичните информации, причината за карамболот е лизгав коловоз.
Увидот траеше повеќе од 8 часа. Додека јавен обвинител ги утврдуваше околностите под кои се случила несреќата, сообраќајот беше целосно затворен. Подоцна, возилата се пропуштаа наизменично по една лента.
