Детали за страшната сообраќајка на Илинденска – повредено бебе

Во 11.30 часот вчера на булевар „Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната М.К. од Скопје, патничко возило „Тојота корола“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(45)  од село Калниште и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, сопственост на  Л.Д.(49) од Тетово.

Во незгодата С.К., сопатник во возилото „Сеат Толедо“ се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Возачот М.К. и неговиот едногодишен син се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен центар.

Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e