Денеска Новогодишен концерт на учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка

Учениците од музичкото училиште од ООУ „Јоаким Крчовски“ денеска ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт во Europe House – Паланка.

На програмата се дела од познати автори, а ќе настапат деца од сите класи, информира наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски.
На концертот ќе настапат ученици од класите по пијано и хармоника со соло точки, како и училшниот хор и оркестар со неколку композиции, вели наставничката Лариса Жулина-Митовски.

Ќе бидат изведени дела од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Ф.Шопен, Штраус и многу други автори.

Концертот ќе се одржи на 26.12.2022 година во Europe House Крива Паланка, со почетокот во 15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e