Денес во Крива Паланка јавна расправа за проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа“

Денеска во малата сала при ООУ Јоаким Крчовски, со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи Јавна расправа во врска со проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Туристичка Фестивалска Атракција) “ што општината го аплицира во рамки на Вториот повик за проекти финансиран со средства на Европската Унија (ИПА 2), а е менаџиран од страна на Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.

Јавната расправа ќе ги опфати сите аспекти на реализација на проектот.

На јавната расправа се покануваат сите заинтересирани да земат учество, со што би допринеле кон подобрување на квалитетот на реализација на проектот, велат од локалната самоупрва на Крива Паланка во соопштението до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e