Делегација од општина Крива Паланка во официјална посета на општина Витина

Делегација од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Мицевски, во периодот од 24 до 25 јануари оствари официјална посета на општина Витина по повод отпочнувањето на реализацијата на проектот „Туризам без граници“ кој се имплементира од програмата на ИПА помеѓу Р.Македонија и Р.Косово.

27332044_957559304394080_5209896724141184113_n

Општинската делегација освен од градоначалникот на општина Витина – Сокол Халити, беше примена и од градоначалникот на Гњилане – Лутфи Хазири, која пак реализира заеднички проект со општина Куманово. Средбата беше искористена да се посети канцеларијата на Заедничкиот технички секретаријат за Косово и поголем број на културни и историски знаменитости.

26733478_957559191060758_3842119299464675031_n

Во оваа прилика се отворија и можностите за соработка на културен, економски и спортски план. Од страна на градоначалникот Мицевски беше упатена отворена покана за возвратна посета на градоначалниците на Витина и Гњилане.

26991880_957559197727424_6238824915720885639_n

26992610_957559194394091_8558592381513307939_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e