Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, на покана на грдоначалникот на градот Бор, г. Александар Миликиќ, оствари посета и присуствуваше на свеченостите по повод одбележување на 3-октомври, Ден на градот Бор.
На главната свеченост и Свечената академија, покрај делегацијата на општина Крива Паланка, присуствуваа преставници на локалните самоуправи од Борскиот и Зајачарскиот округ , потоа збратимени градови со градот Бор, претставници на свештенството, на војскта, претставници на министесртвта на Р.Србија…
Во рамките на оваа посета, градоначанициите на двете локални самоуправи Мицевски и Миликиќ взаемно се договорија во најскро време да ја отпочнат и постапката на збратимување, заради унапредување на веќе воспоставеното пријателство и развивање и продлабочување на можности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од нашиот крај.
Градоначалникот Мицевски ја искористи оваа посета и директно упати покана до својот колега г. Миликиќ,за возвратна посета по повод предтстојниот празник, 8-ми октомври.