Новогодишна атракција во Крива Паланка: Дедо мраз слетува со хеликоптер

Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот Крива Паланка, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.

Општина Крива Паланка најави и богата новогодишна програма која ќе трае пет дена, со интензивна агенда што започна во вторник, 27 декември, сè до денот на пречекот на новата година, 31.

Денеска на пладне, 30 декември, настапуваат младите од „Дајте музика“, дополнение со настап на Дарко Ѓурчиновски.
Во петокот вечерта „Брас брадрс“ и Некст тајм.
И саботата на пладневната програма се кривопаланечките ѕвездички од „Распеано Симитче“, а по нив, Христијан Настески-Пајак и Јован Петровски.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски најави и дека оваа година пристигнувањето на Дедо Мраз на градскиот плоштад ќе биде уникатно. Дедо Мраз ќе слета со хеликоптер во 12:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e