Цветните површини во Струмица се обновуваат со летни цвеќиња

Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, деновиве, започнаа со обновување на цветните површини во градот. Замената на зимското со летно цвеќе започна на булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, а ќе продолжи на сите цветни површини. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ ќе бидат засадени околу десет илјади видови летни цвеќиња во разни бои кои на градот ќе му дадат посебна убавина во летниот период.

18882108_1315356695184424_14063940831283140_n

18767518_1315356698517757_5168486699075379500_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e